28 February 2013

Моите Second Hand Правила

This is a text about my Second Hand Store Rules.Sorry, it is in Macedonian.

Во последно време слушам наоколу дека во Македонија нема продавници популарно наречени Second Hand, односно продавници во кои се продава облека која е веке носена. Слушам дури и коментари дека и да има кај нас луѓето се срамат да кажат дека носат такви работи и дека докулку некој влезе во ваква продавница, ке му биде срам и ке гледа наоколу дали некој познат ке го види. Затоа решив, да посветам дел од мојот блог, на оваа тема, која можеби не е воопшто дел од овој блог. Во иднина ке се потрудам да ги поткрепам моите мислења на оваа тема со мои лични примери, слики и работи кои се купени.
Можам да кажам дека во МК има вакви продавници, барем во Скопје и јас сум чест посетител, односно кога ми дозволува времето и кога сум во нивна близина. Не сум некој експерт, но доста ме интересира сето ова. Ова се моите досегачни правила, кои верувам дека ке се мнеуваат и дополнуваат во иднина.

1.Долна Облека
Никогаш, не се купува долна облека. Од хигиенски причини воопшто не ни погледнувам кон овие рафтови, иако можам да кажам дека со задоволство гледам во долните маици, постави за сукни и фустанчиња и сл. Сепак со голема претпазливост кога се работи за вакви работи. Облеката мора да изгледа чиста и нова, иако нема гаранција за тоа.

2. Перење
Се што ке биде купено, веднаш дома убаво да се испере. Ова важи и за облека која е купена од обична продавница. Вработените во овие продавници велат дека за нешто да се продава мора да биде претходно хемиски исчистено, но цо претпазливост мора секогаш купената облека добро и темелно да се исчисти. Сепак и во обичните продавници облеката се влече во магацини и никогаш не знаете каде се се мотало вашето парче облека.

3. Оригиналност.
Една од моите омилени работи кога се купува во продавнците за стара облека е тоа што можете да наидете на облека која нема да ја видите кај некој друг и често тоа се случува со ташните. Мене лично не ми се допаѓа што овде во Скопје, а и МК сите носат исти или слични работи. Во ред не сме ни ние криви за тоа, нема многи избор, таков е пазарот кај нас, па дури и облеката која е од некој познат бренд може да се купи поевтино ако се начека попуст.
Продавниците за стара облека е одлична можност да бидете оригинални и да носите работи кои никој друг ги нема!

4. Цена
Не треба да купите нешто затоа што е евтино, туку затоа што вас ви се допаѓа, се вклопува во вашиот личен стил и верувате дека ке го изнаносите. Плакарите на некои девојки, а и мојот се веке преполни со секакви работи и нема потреба да купувате нешто што само ке ви седи во плакарот со останатите работи.

5. Стара "немодерна" облека
Има девојки кои би рекел дека за нив постојат само продавници од типот на Zara, Mango, H&M и сл. па и дури поскапи брендови на облека. Жално е кога некој ке се ограничи до толку што доколку нешто е скапо му вреди повеке од нешто што не е.  Да, и јас ја обожавам Zara, особено што постојано во своите колекции вметнува доза на рачна изработка (монистри, везови, хекални и плетени работи и сл). Можам да ви кажам дека сум горд сопственик на кошули кои чинеле 150-200 денари за парче и некои од нив се ZARA,  некои не се, но подеднакво ги обожавам сите.
Често наидувам и на ZARA, и на H&M фустанчиња, кошули, блузи и слични работи.

6. Не значи дека секогаш ке купите нешто, и затоа треба редовно да ги посетувате. Некогаш ке наидете на многу неубави работи, а некогаш ке се изненадите и ке си отидете дома со кесичка нови 'стари' работи.

7. Доколку нешто ви е малку големо, дајте му шанса.
Во зависност од моделот, секогаш потрудете се да бидете креативни со облеката. Доколку на пример некоја блуза или кочула ви е малку попирока одколку што треба а премногу ви се допаѓа, тогаш обидете се да смислите начин како би можеле да ја исносите блузата без тоа да се забележи. Добра идеја е рачно со игла или како имате машина за шиење, да ја стесните кошулата или пак да користите каиш кој вооедно ке го дефинира и вашиот струк.
Сето ова вачи и за останатата облека.

2 comments:

marama said...

Одличен пост! Иако се нешта што речиси сите треба да ги знаеме добро е кога ќе се прочитаат на едно место. =)

bojana said...

super tekst. i jas imam nekolku second hand raboti koi kupeni vo skopje i vo stranstvo.